ЈП Службен весник на РСМ со овозможување на бесплатен пристап до електронската база на прописите, веќе трета година, во континуитет, го поддржува функционирањето на Правната клиника при Правниот факултет од Скопје.
-Правната клиника има за цел да гради знаења и вештини на студентите за давање правни информации и совети на ранливи лица, а ЈП Службен весник на РСМ со обезбедување на бесплатен пристап до електронската база на прописите, како алатка за брзо и лесно пребарување на севкупното законодавство на Република Северна Македонија, сака да придонесе во зајакнувањето на капацитетите на институцијата за обезбедување практична настава и да даде поддршка во остварувањето на правата на граѓаните на кои таа им е потребна, информираат од ЈП Службен весник на РСМ .
Како единствена, со закон овластена институција, ЈП Службен весник на РСМ ги објавува прописите во Република Северна Македонија и во овие денови на вонредна состојба, се вклучува во градење синергии преку зајакнување на електронската комуникација со граѓанските организации и институции за одбрана на правата на граѓаните.
Со овој вид на соработка, ЈП Службен весник на РСМ, продолжува да им помага и на студентите и на наставниот кадар при Правниот факултет од Скопје, во подготвувањето на потребните правни совети.