Станува збор за ѕвездата на Тотенхем Хеунг мин Сон. Јужнокореецот ќе ја искористи паузата за да отслужи скратен воен рок во својата земја, кој е задолжителен. Пред, речиси две години нему му се закануваше наредба за задолжително служење на полниот воен рок, кој во Јужна Кореја изнесува 21 месец, што дефинитивно би ја запрело неговата кариера.
Сепак, освои злато на азиското фудбалско првенство и го исполни условот за ослободување, национална заслуга. Сепак, мора да помине скратен воен рок, кој трае четири недели, затоа заминал за Сеул уште минатата недела. Прво го чека двонеделен карантин, а потоа еден месец војска, по што би бил подготвен да игра за Тотенхем на време за продолжување на Премиерлигата.
Тоа, пак, уште е неизвесно кога и како би се одвивало, иако веќе беше изнесен предлог за систем сличен на Светското првенство, со натпревари секој ден во јуни.