Од 160 лица инфицирани со коронавирус во Црна Гора, 40 се заразиле на погреб

Во Црна Гора денеска се потврдени уште 16 случаи на коронавирус, со што бројот на пациенти достигна 160, при што најголем број од новите случаи – 10 се во Подгорица.

„Само еден погреб во Улцињ резултираше со 40 заразени. Непочитувањето на мерката да се оди од еден во друг град резултираше во кластер којшто го имаме во едно село“, рече директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша на редовната прес-конференција за новинари.

Тој изјави дека непочитувањето на предлогот да не се одржуваат масовни собири, како што е верскиот собир во Дољани, резултираше во бројни заразени лица.

Треба да знаете
Последни објави