Во хотелот „Молика“ на Пелистер синоќа пристигна уште една група од 26 лица за претстој во државен карантин. Лицата се од различни градови и истите се пристигнати на скопскиот аеродром со лет од Германија.
Во моментот во хотелот „Молика“ престојуваат 99 граѓани во организиран карантин, со што капацитетот на хотелот е исполнет.
Сите активности течат според пропишаниот протокол.