Швајцарската Влада со новите овластувања може да ги принуди компаниите да произведуваат повеќе лекови

Швајцарската Влада денеска ги прошири овластувањата за да може да им нареди на компаниите да го зголемат производството на клучни медицински материјали, како што се лекови и заштитна опрема, во случај на поголема побарувачка поради пандемијата на коронавирусот.

– Ако потребите не можат поинаку да се обезбедат, сојузната Влада би можела да ги задолжи производителите да произведуваат важни медицински производи, да дадат приоритет на производството на вакви производи или да го зголемат производството, соопштија швајцарските власти.

Одлуката за проширување на овластувањата се совпадна со двојно зголемениот пакет кризни заеми за компаниите на 40 милијарди швајцарски франци (40,94 милијарди долари).

Швајцарските министри, исто така, бараат да се забрза пристапот до лекови што можат да се користат за лекување на Ковид-19, со што ќе се овозможи да се користат во болниците дури и пред одобрението на надлежниот регулатор Свисмедика.

Треба да знаете
Последни објави