Трговскиот дефицит на САД во февруари бил на најниско ниво од септември 2016 година, поради економските проблеми со кои се соочи Кина, големиот ривал, но и трговски партнер на САД, во борбата против новиот коронавирус.
Според соопштението на американското Министерство за трговија, извозот во САД во февруари се намалил за 0,4 отсто, на 207,5 милијарди долари, но увозот бил уште помал, за 2,5 проценти, на 247,5 милијарди долари.
Тоа претставува вкупен дефицит од 39,9 проценти, што е за 12,2 отсто понизок во однос на претходниот месец.
Трговскиот дефицит на САД со Кина забележал пад за 17 отсто, на 19,7 милијарди долари, благодарејќи на процентното намалување на увозот од таа земја.
Ветувајќи намалување на огромниот национален трговски дефицит, американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини на увозот на кинеска стока, во вредност од вкупно 360 милијарди американски долари, а трговскиот дефицит на САД се намали првпат во последните шест години.