Во Хрватска изминатите 24 часа се регистрирани 68 новозаразени лица од коронавирусот со што вкупната бројка на инфицирани се искачи на 1079. Една жена починала во КБ Дубрава, која е родена во 1935 година, а имала и други заболувања. Вкупно починати во Хрватска од коронавирусот има осум. На респираторни машини се приклучени 39 лица, четири повеќе од вчера, а и меѓу 92 излекувани има четири повеќе од вчера.
Министерот за здравство Вили Берош за ситуацијата во Сплит вели: „Никогаш нема да престанеме во оваа битка да потенцираме дека самодисциплината е најважна. Важно е што пвоеќе собиранките на малдите во Сплит не се повторуваат. Единствен начин да и се стави крај на пандемијата е да се однесуваме одговорно“.