Лабораториите во Германија работат 24 часа на ден со цел што повеќе лица да бидат тестирани за коронавирус, а повеќе од 350.000 тестови се извршени само во изминатата недела, соопшти денеска Институтот Роберт Кох.
Според информации од Централниот институт за епидемиологија Роберт Кох, во тестирањата на коронавирус учествуваат повеќе од 150 лаборатории, во кои се на сила и вонредни работни планови.
Тестовите се вршат според упатствата на Институтот Роберт Кох, а приоритет им се дава на особено загрозените групи како што се медицински персонал, претставници на безбедносните служби и други лица со висок ризик од зараза.