Словенечката Влада не се откажува од активирање на членот 37 од Законот за одбрана, со кој на армијата ќе и се дадат поголеми овластувања, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Портпаролот на Владата Јелко Кацин повтори дека е потребен поголем ангажман на армијата во обезбедувањето, пред се на јужната граница кон Хрватска.
– Обезбедувањето на границите е клучно. Дел од полицајците веќе до крајот на неделата ќе ги повлечеме, бидејќи тие ќе бидат потребни за контрола на ограничувањето на движењето на луѓето поради коронавирусот, изјави Кацин.
Покрај Владата и претседателот на државата Борут Пахот смета дека е потребно зголемено присуство на армијата, исклучиво на границата кон Хрватска.