Основното јавно обвинителство Битола поднесе предлог за издавање казнен налог против две лица за сторено кривично дело- Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетите на 27 март за време на полицискиот час со возило се движеле низ градот и со тоа не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест COVID – 19.
Со поднесениот предлог, надлежен јавен обвинител предложи на Основниот суд во Битола да изрече парична казна за секој од обвинетите од по 100 дневни глоби, секоја во висина од 20 евра во денарска противвредност.
Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот, на 26 март во 02:45 часот, за време на полицискиот час бил затекнат со автомобил кај клучката Прдејци. Со ова тој не постапил според прописите со кои се определуваат мерки за спречување и сузбивање на опасната болест COVID-19, односно не ја почитувал Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија.
Надлежниот јавен обвинител предложи на обвинетиот да му биде изречена парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на секоја дневна глоба да биде одредена на 10 евра во денарска противвредност