Ноќеска приведени 27 лица кои не ја почитувале забраната за движење,

Според статистиките на МВР, во текот на изминатото деноноќие (02/03.04) на територијата на државата на 91 лице им се издадени решенија за изолација, а 23 лица потпишале  изјава  за самоизолација.

Oд страна на полициски службеници во извршените контроли над лицата  во изолација и самоизолација, констатирано е дека само во еден случај,  едно лице што било во изолација не е затекнато во  својот дом.

По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на цела држава 43 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени биле 27 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Четири лица се на возраст до 18 години и 3 лица на возраст над 67 години.

Треба да знаете
Последни објави