За скопјани полицискиот час е веќе рутина, така што забраната за движење од 16 часот за време на викендите не им паѓа тешко. Граѓаните се научија дневните потребштини и пазарењето да го завршат преку неделата, а тоа што мора да го остават за викендот.
Сепак, се чини дека чаирчани се малку повеќе раздвижени отколку нивните сограѓани во другите делови од градот, па и метежот во сообраќајот на булеварот Цветан Димов во близина на „Чаирчанка“ е вообичаена појава, не само за викендите, туку и преку неделата. На проширениот булевар пак се јавуваат гужви, особено за викендите поради паркираните автомобили на скопјани кои пазарат во продавниците долж улицата па фрекфенцијата на луѓе е голема.
Но полицискиот час се почитува, така што улиците се празни во времето кога е забрането движењето. На фотографиите може да се види како се менуваше сликата на улиците во Чаир од вчера во 21 часот до денеска до 16 часот кога почна полицискиот час.
Фото: Слободан Ѓуриќ