Фудбалерите на Баерн Минхен ќе ги продолжат тренинзите во понеделник при строга согласност со правилото за социјална дистанца, изјави „Кикер”.
Баварците ќе се соберат на теренот во мали групи од 4-5 играчи и ќе започнат лесен тренинг по присилната пауза поради пандемијата од коронавирусот.
Другите екипи од Бундеслигата веќе тренираа изминатава недела.
Германското првенство беше суспендирано кон средината на март и во овој момент датумот за продолжување на натпреварите е 30 април, но периодот веројатно ќе биде продолжен.