Во последните 24 часа во Италија починаа уште двајца лекари, со што вкупниот број лекари жртви на Ковид – 19 се зголеми на осумдесет. Според најновите податоци на Високиот институт за здравство (ИШ), заразени се вкупно 11.2252 здравствени работници.
Најмладиот починат доктор имал 46 години, а најстариот 90 години. Меѓу жртвите имало многу кои одговорија на повикот на цивилната заштита и, иако беа во пензија, се вратија на служба. Пријавени се и случаи на самоубиства меѓу медицински сестри кои не можеле да го издржат психолошкиот притисок.
Една од главните причини за смртта на лекарите е што тие не беа доволно заштитени во раните фази на епидемијата и честопати беа принудени да интервенираат дури и со голи раце. ј