Шефот на кабинет на германската канцеларка Хелге Браун предупреди дека во Германија сè уште не е достигнат врвот на кризата со коронавирусот.
Времето со најголеми бројки на заразени допрва треба да дојде, изјави Браун за „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг” и додаде дека задача на Владата е да се подготви за најтешкиот дел од оваа криза.
Според него, мерило за продолжување или олабавување на рестриктивните мерки воведени за борба против епидемијата, е колку помалку луѓе се заразуваат во ист временски период.
Пред почетокот на примената на актуелните мерки, бројот на инфекции се удвојувал на секои три дена.
За да не се преоптовари здравствениот систем, неопходно е времето на удвојување да се зголеми на повеќе од десет дена, истакна тој.
– Најверојатно на 12 или 14 дена, додаде Браун.
Тој рече дека сега е најважно да се спречи разболување на медицинскиот персонал.
– Сега е најважно да го спречиме тоа. Затоа економијата сега е еден голем чекор зад тоа, истакна Браун.
Според последните податоци, во Германија има 96.108 заразени со новиот коронавирус, од кои 1.444 починале. Оздравеле вкупно 26.400 луѓе.