Супермоделот Жизел Бундхенч, една од најубавите жени во светот, ги повика своите следачи на социјалните медиуми да се приклучат на глобална медитација за ширење љубов, мир и хармонија среде пандемија на коронавирус.
Атрактивната Бразилка со години е посветен верник во придобивките од редовно практикување трансцедентална медитација, техника за постигнивање внатрешен мир и благосостојба.
Имајќи предвид дека голем дел од светот го чувствува стресот во овие неизвесни времиња како резултат на пандемијата на коронавирус, легендарниот супермодел во саботата навечер преку Фејсбук ги повика луѓето да се приклучат на Глобална медитација.
За да го промовира настанот, сопругата на суперѕвездата на Националната фудбалка лига (НФЛ) Том Брејди, сподели фотографија од себеси во зен поза со прекрасен водопад во позадина.