На 04.04.2020 во 21,30 часот во Полициската станица Неготино С.Ј.(47) од с.Криволак пријавил дека во нивниот дом дошол А.Н. и физички ја нападнал неговата сопруга С.Ј. и држејќи нож во раката упатил закани и кон С.Ј. Се работи на расчистување на случајот.
На 03.04.2020 во 22,30 часот во СВР Штип 37-годишна жена од с.Прналија о.Карбинци пријавила дека околу 08,00 часот во с.Прналија дошол нејзиниот сопруг С.Н. со возило и насилно ја внел во него па заминале кон с.Јонузлија, по што физички ја нападнал. Се работи на расчистување на случајот.