Свлечиште на патот од Кавадарци кон село Бегниште поради обилните дождови

Поради обилните врнежи од дожд, има појава на свлечиште на патот од  Кавадарци кон селата Ресава и Бегниште, информираат од кабинетот на градоналалникот Митко Јанчев.Воедно, предупредуваат, возачите кои сообраќаат по овој пат да бидат внимателни. Свлечиштето ќе биде санирано во текот на утрешниот ден.

-Поради лошите временски услови и обилниот дожд, предизвикано беше и свлечиште на патот Кавадарци -Мушов гроб. Тоа  беше веднаш санирано и патот е слободен за сообраќај, соопштуваат од кабинетот на градоначалникот.

Поради лошите временски услови и врнежливото време, неколку стебла се паднати по течението на реката Луда Мара во селото Марена. Екипи работат на терен за да се отстранат стеблата и да се запре излевањето на водата од речното корито.

Треба да знаете
Последни објави