Милиони Индијци вечерва ги угаснаа светлата во своите домови и излегоа на балконите држејќи ламби и свеќи, одзивајќи се на повикот од премиерот Нерендра Моди за да го „осветлат мракот на коронавирусот“.
Моди, кои минатиот месец воведе тринеделна забрана за движење во целата држава, побара од граѓаните да ги изгаснат светлата на девет минути до девет часот и да ги запалат ламбите и свеќите во знак на солидарност.
Луѓето од целата држава ги изгаснаа светлата, а некои од нив фрлаа петарди, свиреа на тапани и скандирале пароли против коронавирусот.
Во некои градови, како Мумбај и Њу Делхи, граѓаните стоеле на терасите и пееле патриотски песни.
Во Индија има 3.777 случаи на заболени од Ковид – 19, од кои 83 се со смртни последици. Властите се загрижени дека здравствениот систем може да биде преплавен од заболени и дека вирусот може да се прошири во државата која има над 1,3 милијарди жители.