Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Дарко Каевски
Системот во Република Македонија колабира. Секојдневно се зголемува бројот на инфицирани и починати. Медицинскиот персонал се повеќе се заразува од корона вирусот бидејќи работи без опрема која треба да го заштити, a танчерот Зоран Заев и неговите мегафони секојдневно се фалат како блескаaт.
Денес на танцот на Зоран Заев му се придружи и Дарко Каевски.
Срамно е да се излезе на прес конференција и да се тера гол популизам на грб на граѓаните.
Мерките на Владата се неиздржани и нереални.
Додека граѓаните се соочени со пандемијата и економската криза, Владата дели пари на СЈО.
Квази мерките кои ги предлагаат не се доволни и не се никаква помош за граѓаните на Република Македонија. Цели сектори остануваат надвор од опсегот на мерките и нема да можат да аплицираат за помош.
Бараме итно да се прифатат мерките на ВМРО-ДПМНЕ, субвенционирање на 50% од платите на работниците и придонесите за истите. Дополнително пренасочување на средствата од вториот пензиски столб, што значително ќе ја пополни буџетската дупка.
Граѓаните не смее да страдаат заради економската неписменост на СДСМ.