ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се неспособни да им помогнат на граѓаните за да се надмине пандемијата

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

 

 „Системот колабира! Бројот на заболени и починати постојано се зголемува, а Зоран Заев и СДСМ се фалат како блескаво танцуваат. Граѓаните се плашат дека не може да ја добијат неопходната помош и заштита, а Заев и Филипче ја отфрлаат вината за лошото менаџирање, обвинувајќи ги граѓаните за неодговорност.

Владата на СДСМ не умее и не може да се справи со пандемијата која ја зафати државата. Од ден на ден Република Македонија  се повеќе  ослабнува како на економски така и на здравствен и социјален план. Но, на СДСМ и Заев не им е гајле и само  водат сметка за своите лични и партиски цели.

„Сетот на мерки“ кои ги носи владата  за кои без срам се фали дека се за доброто на граѓаните и претпријатијата всушност само ќе предизвика дополнително задолжување на претпријатијата кое ќе резултира со затварање  на нивните бизнисите.

Наместо да поработат на тоа да им се помогне на граѓаните СДСМ без никаков срам  носат  уредба да се исплатат средства на поранешните вработени во СЈО. СЈО кое беше добро познато дека работи во корист на СДСМ и целиот рекет кој го спроведуваше Катица Јанева за на крај тие пари да завршат кај Зоран Заев.

Без никаков срам се фалат дека кратат енормни трошоци, а за само четири дена  во ек на пандемијата платени се 8 милиони денари од власта под ставка репрезентации, услуги во ресторани и патувања.

Дополнително кратење на трошоци не е кога не се штеди ниту на трошоци на патувања во земјава и странство. Владата има потрошени вкупно 5.955. 834 денари или 96.843 евра за патни трошоци, сместувања, хранарина и дневници.  Речиси 97.000 евра!“

 

 

 

СДСМ ќе одговараат за сето ова што го прават на граѓаните, но и за нивната неспособност  да се справат како на здравствен така и на економски план.

 

Со почит,

Треба да знаете
Последни објави