Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ
Танцот на Зоран Заев ги загрозува животите на илјадници граѓани на Македонија. Неговиот криминал и неспособност со кои ги поклопи институциите овие три години сега резултираат со загубени човечки животи и непостоење капацитет да се помогне на граѓаните.
Здравството крахира и веќе не може да одговори на потребите, а СДСМ го обвинува народот дека е неодговорен. Сведоци сме на колапс и на здравствен и на економски план, а танчерот Заев мисли дека ќе се спаси од одговорност со тоа што ќе лаже дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ биле на власт овие три години и дека опозицијата е виновна за катастрофата што ни се случува.
Се поочигледно е лошото менаџирање со кризата, со секој изминат ден има се повеќе жртви.
Македонија додека се наоѓа во опасност, танчерите Заев, Спасовски и Филипче, се фалат како блескаво танцуваат.
ВМРО-ДПМНЕ повикува дека не е време за себепромоција, не е време на популизам. Потребни се итни и ефикасни мерки за доброто на граѓаните, за доброто на Република Македонија.
Ако СДСМ не знае да се справи, нека ја тргне суетата настрана и нека ја прифати помошта на ВМРО-ДПМНЕ.
За ВМРО-ДПМНЕ најважно е здравјето на граѓаните на Република Македонија.