Реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
„Фабриката за лажни вести на аболицираниот Зоран Заев нема право да говори за лага. Главниот стожер и промотор на лага во Македонија е СДСМ. Системот колабира, бројот на заболени и починати постојано се зголемува, а Зоран Заев и СДСМ лажат како во Македонија се блеска.
Граѓаните се плашат дека не може да ја добијат неопходната помош и заштита, а Заев и Филипче ја отфрлаат вината за лошото менаџирање, обвинувајќи ги граѓаните за неодговорност.
Владата на СДСМ не умее и не може да се справи со пандемијата која ја зафати Република Македонија. Од ден на ден Република Македонија се повеќе ослабнува како на економски така и на здравствен и социјален план.
Заев и неговата криминална Влада веднаш да престане да танцува и нека се фати за работа.
Бараме итно да се прифатат мерките на ВМРО-ДПМНЕ, субвенционирање ма 50% од платите на работниците и придонесите за истите. Дополнително пренасочување на средствата од вториот пензиски столб, што значително ќе ја пополни буџетската дупка. Граѓаните не смеат да страдаат заради економската неписменост на СДСМ.“