Во изминатите 24 часа, лабораториите во Словенија потврдија 20 нови случаи на лица заразени со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Во земјата сега има вкупно 997 случаи на коронавирусот, а направени се речиси 20.000 тестови.
На редовната тематска прес конференција на Владата, беше кажано дека во саботата шест луѓе починале како последица на Ковид-19.
Хоспитализирани се 108 пациенти, од кои 31 се на одделот за интензивна нега.
Инфектолозите сметаат дека причина зашто има уште нови случаи на заразени е поради дружењата кои се одвиваат во приватни домови и куќи. Тие уште еднаш ги повикаа граѓаните да одат на гости и да не примаат гости, бидејќи само со максимална изолација ќе може државата час поскоро да се врати во нормален колосек.