Приведени 12 кумановци кои го прекршиле полицискиот час

Во периодот од 21 часот на 03.04,2020 (петок) до 07 часот на 05.04.2020 (недела) на подрачјето на Куманово регистрирани се 14 прекршувања на мерката забрана за движење.

Превземени се мерки и активности при што 12 лица се лишени од слобода, а за две лица се земени податоци.

Ограничувањето на движењето на територија на Куманово продолжува до 05 часот на 06.04.2020 (понеделник). Апелираме до граѓаните да ја почитуваат забраната за движење, а непочитувањето ќе биде санкционирано согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.

 

Треба да знаете
Последни објави