Државните карантини во соседството во мигрантски центри и шатори, во Македонија во хотели и пансиони

Какво е сместувањето во карантините во регионот во кој се сместуваат граѓаните кои се враќаат од странство анализира Фронтлајн.мк.

Соочени со временски теснец, вонредни околоности но и зголемен број на лица кои мора да бидат во карантин, многу држави се снаоѓаат така што овие лица ги сместуваат во веќе постоечки неискористени капацитети или поради масовноста, се одлучуваат за адаптирање на спортски објекти или едноставно подигнуваат шатори.

Во соседна Србија најголемата спортска сала Белградска арена е претворена во масовно карантинско одделение, а слично е и со спортските сали во Ниш, Нови Сад и сите поголеми градови. Дел од повратниците во Србија биле сместени во мигрантскиот центар во Суботица кој беше наменет за мигрантите од големата мигрантска криза. Какви се условите во тој центар можете да видите во видеото подолу.

Слични се условите и во Грција и таму повратниците се сместуваат во дотраени, стари и неискористени објекти, а каква е нивната состојба покажуваат сликите во прилог.

Како е во нашата држава?

Лицата кои во Македонија се преземаат од други држави доаѓаат преку хуманитарни летови, а по претходно пријавување и согласност дека ќе ги подмират трошоците за авионски превоз и ќе отседнат во државен карантин 14 денови.

Со цел да се згрижат повеќе граѓани во соодветни услови, Владата донесе Уредба со која преку јавен повик ангажираше приватни хотели и сместувачки капацитети за престој на лицата во државен карантин.

Ова ја чини државата по 10 евра дневно од човек додека трае карантинот, а додека се изолирани, граѓаните на располагање имаат апартмани и соби, три оброци и редовни здравствени прегледи.

Сликите кои се објавуваат на социјалните мрежи доловуваат дека карантинот се одвива во етаблирани хотелски капацитети со високо ниво на хигиена и професионалност на вработените.За разлика од соседството, може да се каже дека македонските граѓани ги минуваат деновите во државен карантин со три оброци и како што може да се види во многу подобри услови отколку граѓаните на Грција, Србија, БИХ и другите земји од соседството.

Сепак дури и ваквата организација наидува на отпор кон одредени лица, кои или не сакаат да постапуваат по задолженијата или пак дел од нив мислат дека наместо во карантин се наоѓаат на 14 дневен одмор, па често бараат и многу повеќе од она што им следува и од она што го плаќа државата, односно даночните обврзници.

Како и да е, нашата држава може да се пофали со далеку подобра организација во менаџирање на секојдневните проблеми со кризата со пандемија, отколку државите од нашето опкружување, што секако само по себе е за почит.

Тим ФРОНТЛАЈН

Треба да знаете
Последни објави