Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил ги коментираше обвинувањата од СДСМ дека лажел кога рекол дека донацијата од Словенија била добиена по негово барање.
-Во овие тешки моменти на голема криза, наместо да имаат на мисла како да спасат животи, тие смислуваат лажни вести. Но, вистината победува. И уште една голема благодарност до премиерот на Словенија и пријател на Македонија, Јанез Јанша. Што се однесува до бројот на тестовите, брзо по пандемијата ќе се види кој лажел, а богами и кој крадел. Да се фокусираме сега на она што е најважно за граѓаните, здравјето и спасот од сиромаштија.
https://www.facebook.com/829371753904952/posts/1515467521962035/