Александар Пајиќ, советник на министерот за образование, е позитивен на коронавирус, објави „Танјуг“. Тој утринава е пренесен во Клиничката болница „Драгиша Мишовиќ“.
„Блиц“ објави дека Пајиќ пред неколку дена се почувствувал лошо, а дека вчера нагло му се влошила состојбата. Тој бил пренесен во болница во Шабац, каде што бил приклучен на распиратор. Таму му бил направен и тестот за Ковид-19.
Ова е втор случај на коронавирус во српската влада. Од вирусот заболе и почина државниот секретар во Министерството за животна средина, Бранислав Блашиќ.