Општинскиот кризен штаб Куманово бара од Комисијата за здравство да ја увиди функционалоста и капацитетите на болницата

Општинскиот крзиен штаб на Куманово на денешната седница побара да се увиди бројот на заболени во болницата и да се утврди капацитетот на установата во оваа состојба, од Министерството за надворешни бараат список на лица од Куманово кои ќе се вратат во државата, од владиниот кризен штаб бараат да назначат лице од МТСП кое ќе се вклучи во работата на општинскиот штаб.
Општинскиот кризен штаб на Куманово на денешната 21. седница бара од Комисијата за заразни болести во Министерството за здравство да направи пресек на состојбата во кумановската Oпшта болница за бројот на позитивни случаи во болницата по одделенија и да даде свое видување за функционалноста на капцитетите на болницата во овие околности.

  Бараме од Министерство за надворешни работи да ни достави список на лица од Куманово, кои се најавени да се вратат во Република Северна Македонија, се наведува во соопштенито на штабот.

Општинскиот кризен штаб на денешната седница бара  од Kризниот штаб при Влада на Република Северна Македонија да задолжи лице од Министерство за труд и социјална политика, кое директно ќе се вклучи во работата на општинскиот кризен штаб.

Треба да знаете
Последни објави