Во последните 24 часа во Шведска починале најмногу луѓе од почетокот на пандемијата

Здравствените власти во Шведска ги објавија најновите податоци според кои во изминатите 24 часа, од компликации поврзани со коронавирус починале 76 лица, а новозаразени се 376.

Со ова вкупниот број на заразени со Ковид-19 во земјата се искачи на 7.206, а на починати на 477.

Во претходниот 24-часовен период, 28 лица починаа од коронавирус во Шведска.

Денешниот број на смртни случаи (76) е најголем број на починати во еден ден од избувнувањето на епидемијата во оваа земја.

Треба да знаете
Последни објави