– Светската здравствена организација преку соопштение денеска најави дека наскоро ќе испрати нови упатства за користење на заштитните маски во борбата против коронавирусот.
-Доколку маските се носат, тогаш тоа мора да биде сигурно и правилно. СЗО има нови упатства што наскоро ќе ги објави, а се однесуваат на носењето маски, нивното симнување од лице и фрлање во ѓубре. Истражувањето во ова подрачје е доста лимитирано, но ги охрабруваме државите кои размислуваат за воведување маски за широка популација за да ја истражиме нивната ефективност. Маските не можат да ја запрат пандемијата. Државите и натаму треба да бараат, тестираат и да ги изолираат заразените со коронавирус”, рече Тедрос Адханом Гебресејсус, генералниот директор на СЗО.