Стотици гробови се ископани во украинскиот град Дњепропетровск за можни жртви од коронавирусот. Оваа вест ја сподели градоначалникот Борис Филатов на својата фејсбук-страница.
На снимката се прикажани десетици подготвени гробови на едни од градските гробишта. Вкупно беа ископани 600 гробни дупки, а за складирање на телата беа купени илјадници дебели пластични кеси, истакна Филатов. Забранета е и обдукција на оние кои имале дијагноза на коронавирус или сомневање на Ковид-19.
Бројот на присутните на погребите ќе биде ограничен – не повеќе од едно лице во круг од 10 квадратни метри.