(Видео) Хали Бери објави снимка од нејзиниот син како шета дома во потпетици

Актерката Хали Бери (53) ги налути обожавателите со снимката на својот син кој се шета во нејзините чизми со високи потпетици. Хали на „Инстаграм“ објави видео од својот шестгодишен наследник, а бидејќи момчето беше на потпетици, тоа предизвика спротивставени реакции од нејзините следбеници.

Актерката редовно ја информира јавноста за нејзините активности во карантин, таа сакала да се пошегува и да покаже како изгледа нивниот 13. ден во карантин, а тоа и го напиша во описот на видеото.

https://www.instagram.com/p/B-IG1bYDutd/

Снимката е прегледана повеќе од 500.000 пати, при што се нижат коментари со различна содржина. Додека некои велат дека актерката успеала да ги насмее, на други не им се допаѓа што нејзиниот син носи потпетици.

„Добро е што ова не е мојот син“, „Мојот син не се игра со потпетици“, „Вака почнува“, „Зошто момче дa носи потпетици?“, пишуваа под видеото.

„Ова ме насмеа“, „Тој е многу симпатичен, ќе ти настрадаат потпетиците“,„ Тој оди во потпетици подобро од мене “, пишуваа исто така во коментарите.

Треба да знаете
Последни објави