Руските научници создадоа експресен тест за откривање на коронавирусот кој дава резултати за 40 минути, соопшто руското Министерство за индустрија и трговија, пренесува „Спутник“.
„Ова е прв експресен тест од домашно производство кој овозможува користење на стандардната опрема за откривање на коронавирусот за 40 минути. Прецизноста на тестот е поглема од 94 отсто“, наведува руската служба.
Овој тест ќе им помогне на лабораториите повеќекратно да ја зголемат својата продуктивност.
„Експресниот тест е пример за мобилизаија на научните и производствените ресурси на задача од државно значење. Примената на највисоките стандарди за лабораториска дијагностика, синергијата на службите и на колективот помагаат за реализација на животно важните проекти во услови на пандемија и го овозможуваат развојот, без преседан, на техничките карактеристики на тестовите за откривање на коронавирусот, од наједноставни до најсовремени“, изјави заменик-министерот на ресорот, Сергеј Циб.
Тестот го произвела компанијата „Медико-биолошки сојуз“ и веќе е регистриран во Руската служба за здравствен надзор.