Недостиг на алкохол и дезинфекциски средства во Швајцарија

Швајцарија, која пред две години ја укина праксата за правење залихи алкохол за можни вонредни состојби, се соочува со недостиг на оваа суровина и средства за дезинфекција, направени на база на алкохол..

Швајцарија складираше разни суровини и производи за можни вонредни состојби, вклучително и алкохол подолго време. Сепак, во 2018 година, оваа земја ја прекина праксата за складирање 10.000 тони алкохол , со цел да го приватизира пазарот за овој производ.

Оваа одлука придонесе за сегашниот недостиг на средства за дезинфекција во Швајцарија, кои луѓето ги купуваа во големи количини, правејќи резерви. Таквата ситуација е стимул за дестилериите, винариите, па дури и пиварниците да се вклучат во производството на алкохол.

Некои швајцарски политичари изразија незадоволство од укинувањето на праксата за складирање алкохол и истакнаа дека прашањето мора да се реши веднаш откако ќе помине кризата предизвикана од коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави