Пандемијата на новиот коронавирус однесе повеќе од 50.000 животи во Европа, од кои 85 проценти во Италија, Шпанија, Франција и Велика Британија, според податоци кои агенцијата АФП ги собрала од официјални извори.
Европа со вкупно 50.209 смртни случаи (на 675.580 заразени) е најтешко погодениот континент од пандемијата на Ковид-19, респираторно заболување предизвикано од новиот коронавирус.
Италија и Шпанија се најтешко погодените земји во светот.
Во Италија починаа 15.877 лица, а 13.055 во Шпанија.
Во Франција досега како последица на вирусот умреле 8.078 луѓе, а во Велика Британија 4.934.