Мисијата на Обединетите нации за поддршка на Либија (УНСМИЛ) соопшти дека Џабрил умрел по „борбата со инфекцијата на коронавирус”, пренесе Си-Ен-Ен.
-Махмуд Џабрил посебно беше посветен на изградбата на цивилното општество и промоцијата на вклучувањето на жените и младите Либијки во политиката. На многу им беше пријател и ментор, а неодмана учествуваше на Форумот за политички дијалог под патронат на ОН. Многу ќе ни недостига, изјави претставничката на генералниот секретар на ОН и лидерка на УНСМИЛ Стефани Вилијамс.
Неговата партија НФА на 27 март соопшти дека Џибрил е позитивен на Ковид-19 додавајќи дека се чувствува „стабилно и е на пат да заздрави”.
Џибрил (67) беше привремен премиер на опозициската влада до одржувањето на првите слободни избори во 2012 година, по соборувањето на дотогашниот долгогодишен лидер Моамер ел-Гадафи.