Атлетико им ги врати пари на навивачите за однапред купени билети за натпревари до крајот на сезоната

Шпанскиот фудбалски прволигаш Атлетико Мадрид им ги врати парите на навивачите за сите претходно продадени билети.

– Зборуваме за билети за домашната арена, како и билети за реваншот од 1/8-финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул (3:2), на кои некои навивачи не отидоа поради ризикот од инфекција со коронавирус, соопшти прес-службата на Атлетико.

Исто така, на навивачите им беа вратени парите за билетите купени за натпреварите на домашен терен против Ваљадолид, Алавес и Мајорка.

Вкупната сума за неискористени билети изнесува 250 илјади евра.

Треба да знаете
Последни објави