Мерките на владата се задоцнети и со неправилна проценка.
Економијата оди кон амбис, а владата не презема ништо. Квазимерките кои ги најавија ќе остават десетици илјади работници без помош.
Неделувањето на власта веќе остави над 20% од вработените во државата без работа.
Доколку нема суштинака помош за бизнисот ќе следи економска катаклизам со масовни отпуштања и затворања на фирми.
На здравствено поле. Лекарите се борат голораки. Владата не обезбеди заштитна опрема и дозволи над 10% од заразените да бидат лекари.
Аматеризмот на власта мора да запре. Граѓаните очекуваат сериозен пристап.