Елен Деџенерис во понеделникот се врати со нови епизоди што ги снима од нејзиниот дом во Лос Анџелес, а во најновата, супермоделот Криси Тејген и нејзиниот сопруг, пејачот Џон Леџенд, говорат за домашниот карантин.
Криси (34) и нејзиниот 41-годишен сопруг беа првите гости на Елен кога се врати во програма со нови епизоди, а Тејген се пошегува дека карантинот ја натерал „да се чувствува како вистинска домаќинка“, веројатно алудирајќи на ТВ-серијата Вистински домаќинки од Њујорк“.
Додека Криси наоѓа начини да се забавува и во домашна изолација, нејзиниот сопруг посакува да биде позафатен, додавајќи дека тој организира многу состаноци преку апликацијата за видеоразговор „Зум“ (Zoom Social – апликација на Гугл плеј).
Убавицата започна со образложение дека ова е „најнереалната ситуација досега“, но додаде дека целото семејство се држи добро.
Криси открива дека нејзиниот сопруг сака да биде зафатен и дека е постојано на „Зум’.
Таа се пошегува: „Сега се чувствувам како вистинска домаќинка затоа што поминав три часа на шминкање“, алудирајќи на популарната ТВ-франшиза „Вистинските домаќинки од Њујорк’.