Курц проценува заразеност на еден отсто од жителите на Австрија

Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека врз  основа на прелиминарните резултати од тестирањата на жителите на Австрија засновани на репрезентативни примероци, спроведени за викендот, заразеноста на жителите е околу еден отсто.

За време на викендот во Австрија се спроведе тестирање на повеќе од 2.000 граѓани, кои беа избрани по случаен избор, за да се утврди реална бројка на заразеност, бидејќи се претпоставува дека има голем број заразени лица кои не покажуваат симптоми.

Курц најави дека резултатите ќе бидат објавени во вторник.

Доколку заразеноста изнесува еден отсто тоа значи дека има околу 88.000 заразени, што е далеку помал број непријавени случаи на зараза отколку што се претпоставува.

Треба да знаете
Последни објави