Јапонскиот премиер Шинѕо Абе прогласи вонредна состојба во Токио и шест други области во земјата во период од еден месец, поради пораст на заболени од коронавирус.
– Тоа што го одлучив, бидејќи имаме ситуација од која се плашевме, ќе има сериозно влијание врз животот на луѓето и економијата… Прогласувам вонредна состојба, рече Абе.
Мерката не предвидува целосна блокада, како во други делови на светот, но им овозможува на локалните власти да ги повикаат луѓето да останат дома и да повикаат на затворање на фирмите.