Новиот коронавирус, и покрај својата заразност и смртност, не го зголеми стравот на Германците од сериозни заболувања, се вели во деталното истражување на „Р + В” осигурување.
Споредено со лани, загриженоста за сериозни болести само умерено скокна од 35 на 41 процент. Тоа е втора најниска вредност од 1992 година, а најниска имаше лани – 35 отсто.
Според истражување на ЈуГав, за разлика од минатиот месец, кај Германците е зголемна загриженоста поради Ковид-19. Сега 75 отсто од Германците, како и 68 отсто од Финците изразуваат загриженост поради заболувањето.
Стравот и натаму е најголем во Азија, а најзагрижени се жителите на Малезија, Виетнам, Индонезија, Тајланд и Филипини.