Словенечкиот претседател Борут Пахор во интервју за државната информативна агенција (СТА) ги повика партиите да почнат да работата на новиот Закон за избори, бидејќи според него без промена на постојниот се доведува во прашање уставноста на идните граѓански изјаснувања. Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, 30 години од одржување на првите повеќе партиски избори во Словенија, следните би можеле да бидат ставени под знак прашалник доколку не се смени законот, кој според Уставниот суд не е во склад со уставот на земјата.
Во декември 2018 година Уставниот суд објави дека член од Законот за избори со кој се определуваат изборните единици е неуставен и му наложи на Парламентот да донесе нов Закон.
Пахор повторно ги повика партиите да седнат на заедничка маса и да се договорат за текстот на потребниот Закон и тоа да го направат час поскоро за доброто на земјата.
– Тоа е прашање кое ја допира демократијата во Словенија. Изборите не е се, но без избори нема демократија. Тоа голема прашање се уште не чека. Април е најверојатно прерано, но веќе во мај или летните месеци ќе мораме да го решиме ова прашање – изјави Пахор за СТА.
Дел од партиите предводени од ЛМШ (Листа на Марјан Шарец) уште пред промената на власта имаа иницијатива за промени во Законот за избори, со кој граѓаните ќе можеа да ги избираат кандидатите преку отворени листи. За овој предлог беше потребно двотретинско мнозинство во Парламентот кое не беше обезбедено и предлогот пропадна.