Австрија донесе одлука за продолжување на граничните контроли кон Италија, Германија, Швајцарија и Лихтенштајн, воведени поради запирање на ширењето на коронавирусот.
Со Уредбата на Министерството за внатрешни работи се продолжуваат граничните контроли до 27 април, што е повеќе од 20 дена од првичната одлука.
Здравствената контрола на границите кон Унгарија и Словенија, исто така, продолжува, соопшти министерот за внатрешни работи Карл Нехамер во писмо до Европската комисија, Европскиот парламент и неговите колеги во земјите-членки на Унијата.