– Томас Милер останува во Баерн до 2023 година. Напаѓачот, чиј договор со Баварците завршуваше наредното лето, ја продолжи соработката со клубот и на „Алијанц арена” ќе остане уште две дополнителни сезони.
Милер во Баерн пристигна во 2013 година што значи дека до истекот на новиот договор ќе има децениски стаж во клубот во кој, најверојатно, и ќе ја заврши кариерата.
На денешното потпишување на договорот присуствуваа Оливер Кан, Карл Хајнц Румениге и Хасан Салихамиџиќ кои истакнаа задоволство што германскиот репрезентативец останува во нивниот ростер.
Милер моментно е лидер по асистентенциите за гол во петте најсилни фудбалски лиги во Европа.