Мис на Англија за 2019 година Баша Мукерје (24) реши да се врати на својата лекарска работа поради состојбата со коронавирусот и смртта на повеќе од 3.000 луѓе за еден ден во Велика Британија.
Баша требаше да посети повеќе земји како амбасадорка на својата земја и да продолжи со хуманитарната работа до август годинава, кога ќе ја предаде круната на својата наследничка.
https://www.instagram.com/p/B9gsfeyHxP5/
Кога започнала пандемијата на коронавирусот, Баша била во Индија каде што е родена, а нејзините родители се преселиле во Велика Британија кога имала девет години.
На мисицата и се јавувале колегите од англиската болница во која работела и и зборувале за тоа колку е тешка ситуацијата во Велика Британија.
Поради тоа, Баша решила да им се јави на шефовите од нејзиното поранешно работно место и побарала да се врати на својата лекарска работа.
https://www.instagram.com/p/B8YaSMXn5aC/
Мисицата посочува дека е погрешно да се носи круна во ова време, било да е тоа за добротворни цели, додека во исто време, луѓето од целиот свет умираат од коронавирусот и нејзините колеги се растргани од работа.
„Сакам да се вратам дома, сакам да се вратам на работа. Затоа се стекнав со диплома и кога подобро можам да го искористам тоа знаење отколку сега. Знам дека можам да помогнам “, објасни таа.
Баша се врати во Лондон минатата среда и мора да биде во изолација две недели пред да се врати на работа.