Британската актерка Онор Блекмен, која глумеше во легендарниот филм Џејмс Бонд, почина на 94 години, пренесе Би-би-си.
Во изјавата, нејзиното семејство соопшти дека таа починала мирно од природна смрт, дома во Луес, Источен Сасекс.
Таа беше позната по улогата на Пуси Галор во филмот на Џејмс Бонд „Голдфингер“. Блекман беше позната и по тоа што ја играше Кети Гејл во ТВ-серијата „Одмаздници“ од 1960-тите години.
Нејзините други улоги беа Хера во Џејсон и Аргонаутите и Лора Вест во ТВ-сериите „Горната рака“ во 90-тите години.