Телото на Mејв Kенеди Tаусенд Мекен, внуката на Роберт Ф. Кенеди, која се удави со својот син во Мериленд, САД, беше пронајдено минатата недела.
Мејв и 8-годишниот Гедеон исчезнале во заливот Чезапик во близина на Анаполис, а во близина на местото на исчезнување било пронајдено празно кану.
Потрагата траела повеќе од 26 часа и била пребарана површина од 5887 километри. По момчето сè уште се трага.
Мејв и нејзиниот син играле со топка која им паднала во вода и тие тргнале по неа со кану. Но отишле предалеку и не можеле да се вратат, изјави сопругот на Мејв, Дејвид Мекин, пренесува „Њујорк пост“.
„Тие завршија во притока на Саут Ривер каде што се удавија“, потврди гувернерот на Мериленд, Лари Хоган. Мејв ја советуваше администрацијата на Обама за глобалната програма против сида и волонтираше за мировните сили во Мозамбик. Имаше 40 години.
Роберт Френсис Кенеди, нејзиниот дедо, беше политичар и правник, брат на поранешниот претседател на САД, Џон Фицџералд Кенеди за време на чиј мандат беше министер за правда. Како и неговиот брат Џон, Роберт беше убиен во атентат.