Во земјава нема тестови за коронавирус кои не се регистрирани во Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), соопшти денеска директорката на МАЛМЕД, Висаре Риза.
На прес-конференцијата на Инспекцискиот совет, директорката на МАЛМЕД информираше дека се користат тестовите за одредување на присуство на вирусот и тестовите за присуство на антитела.
– Покрај тестовите кои служат за одредување на присуство на вирусот во организмот, постојат и тестови кои се имунолошки и кои може да го утврдат присуството на антитела. Едно правно лице има доставено до МАЛМЕД барање за запишување во регистарот и постапката е во тек, рече Риза, одговарајќи на новинарско прашање.